АЈДЕ, СИТЕ НИЕ ДА ГИ ИЗБЕРЕМЕ ЕДРАТА СО КОИ СЕ СТИГНУВА НАЈДАЛЕКУ!

среда, 25. март 2015.

Светлински појави

Нумерички задачи:

1. Светлински зрак паѓа нормално на рамно огледало. Колкав ќе биде аголот меѓу одбиениот и упадниот зрак, ако огледалото се заврти за 30º?


2. Сончевите зраци паѓаат под агол од 60º. Под кој агол треба да се постави рамно огледало за да зраците се одбиваат вертикално?


3. Пред рамно огледало на растојание од 25 cm е поставен предмет. За колку ќе се зголеми растојанието меѓу предметот и неговиот лик, ако предметот се оддалечи од огледалото за 15  cm?


4. Пред сферно вдлабнато огледало на растојание 0,8 m е поставена запалена свеќа. На кое растојание од огледалото ќе се добие нејзиниот лик, ако радиусот на огледалото е 0,6 m?


5. На растојание од 80 cm од темето на сферно вдлабнато огледало се наоѓа светол предмет. Неговиот лик е 4 пати помал од предметот. Најди го растојанието на ликот и фокусното растојание на огледалото.


6. Предмет висок 4 cm  поставен е на растојание 12 cm од темето на сферно вдлабнато огледало со радиус на кривината од 18 cm. Определи ја положбата и големината на ликот.


7. Колку време треба да патува светлината од Сонцето до Земјата, ако растојанието меѓу нив е приближно 1000000000 km?


8. На кое растојание од Сонцето се наоѓа "планетата" Плутон, ако светлината го минува тоа растојание за 5,5 часа?


9. Пред  двојно испакната леќа на растојание 45 cm е поставен предмет. Неговиот лик се добива на растојание 15 cm. Колкаво е фокусното растојание на леќата?


10. На кое растојание од собирна леќа со фокусно растојание 10 cm треба да се постави предмет, за да  биде неговиот лик 2 пати поголем од предметот?


11. Определи ја оптичката јачина на собирна леќа со фокусно растојание 20 cm.


12. Оптичка јачина на леќа е + 4 диоптри. Колкаво е нејзиното фокусно растојание? За каква леќа станува збор?

среда, 4. март 2015.

ТЕМАТСКИ ТЕСТ - Осцилации, бранови и звук


Вежби - Осцилации, бранови и звук





КОЛКУ  НАУЧИВМЕ:


Тест по физика на тема 
Осцилации, бранови и звук                       I - ГРУПА


Прашања и задачи:


1. Како настанува звук?        1/   (СТР.98)


2. Кој звук се нарекува тон? 1/   (СТР.99)


3. Што е карактеристично за звучните бранови? 
                                                 3/   (СТР.99-100)


4. Од што зависи јачината на тонот?  2/  (СТР.99)


5. Да го слушнеме звукот од некој извор кои услови треба да бидат исполнети?                 3/  (СТР.100)


6. Што е елонгација, а што амплитуда?  2/ (СТР.90)


7. Низ еластична средина звукот се пренесува во вид на ______________________________ бран, а се црта вака:  2/  (СТР.94 И 101)                                             

8. Настанувањето на ехото можеме да го спречиме со:                     2/  (СТР.102 И 105)


9. Максимална јачина што може да ја издржи човековото уво е ___________________  1/  (СТР.100)


10. Колку време ќе помине од моментот на светнувањето до слушањето на грмежот кога местото на  невремето е оддалечено 4 km, а брзината на звукот е 340 m/s?   4/  (СТР.101 И 102)


11. Најди ја фреквенцијата на бранот ако неговата брзина на движење е 36  km/h, а неговата бранова должина е 1 dm.  4/  (СТР.95)


12. Кога ќе се удри на едниот крај од железната шина, по 2,5 s звукот ќе се чуе на другиот крај од шината. Колку е долга шината? (v = 5000 m/s)  4/  (СТР.102)


13. Љупчо удира на една дрвена плоча која е оддалечена 250 m од ѕидот. При секој удар тој го слуша одекнувањето по 1500 ms подоцна. Пресметај ја брзината на звукот.  4/  (СТР.102)


II - ГРУПА


1.Осцилаторно движење  е ____________   1/  (СТР.89)


2. За да се пренесува звукот потребно е да постои ______________________________ средина. Во вакум звук_______________________.    2/  (СТР.100 И 101)   

3. Од што зависи висината  на тонот?    2/ (СТР.99)


4. Има случаи кога не се слуша тонот иако прачката осцилира, а тие случаи се:    2/ (СТР.98 И 101)


5. Што е период, а што фреквенција?  2/  (СТР.90)


6. Што е инфразвук, а што ултразвук?  2/  (СТР.98)

7. Единица за јачина на звукот е ______________________________ .       1/ (СТР.100)   

8. Што е ехо и каде наоѓа примена?    2/  (СТР.102)


9. Како настануваат трансферзалните бранови и како се цртаат?   2/  (СТР.94)


10. Покрај определена точка во една минута поминуваат 3000 бранови со должина 1 m. Твоја задача е да ја определиш фреквенцијата и брзината на бранувањето.    5/  (СТР.90-95)


11. Пресметај колку изнеува длабочината на морето ако мерачот на длабочини по испраќањето на звучниот бран, одбиениот бран му се вратил по 200 ms ( брзината на звукот во водата е 1400  m/s).   4/  (СТР.102)


12. Брзината на звукот во воздух изнесува 340 m/s, звучните бранови на тамбурата се со должина од 2 m. Пресметај ја фреквенцијата на бранувањето од тамбурата.    4/  (СТР.95)


13. Да се определи брановата должина на звукот при температура од  0 ˚С ако фреквенцијата на бранот е 150 Hz, а брзината на звукот 330 m/s.   4/  (СТР.95)