АЈДЕ, СИТЕ НИЕ ДА ГИ ИЗБЕРЕМЕ ЕДРАТА СО КОИ СЕ СТИГНУВА НАЈДАЛЕКУ!

уторак, 11. фебруар 2014.

Сили




1. ДЕФИНИРАЈ:

а) Со кои елементи наполно е определена силата? 

б) Што е инерција? 

в) Како гласи Третиот Њутнов закон (Закон за акција и реакција)? 

г) Што е тежина на телата?

д) Што е гравитационо поле?



2. РЕШИ:

а) Тело со маса од 1,2 тони, се движи се брзина од 80 километри на час. Колкава сила дејствува на телото ако движењето е рамномерно забрзано и трае 36 секунди?  

б) Поаѓајќи од состојба на мирување автомобил со маса од 2 тони за 10 секунди ќе измине пат од 100 метри. Колкава е влечната сила на автомобилот?
 

в) Масата на тегот е 1 килограм. Колкав притисок врши на подлога со површина 15 cm2?

г)  Определи ја резултантата на компонентите од 7 њутни и 5 њутни, ако тие дејствуваат во ист правец и иста насока.
 
д) Определи ги компонентите на дадената резултантна сила.

1. ДЕФИНИРАЈ:

а) Што е сила?

б) Како гласи Паскалов закон?

в) Што е гравитациона сила?

г) Како гласи прв Њутнов закон (закон за инерција)? 

д) Што е тежиште?


2. РЕШИ:

а) На тело со маса од 200 грами, кое мирува почнува да дејствува сила од 1 Њутн. Со колкава брзина ќе се движи телото и колкав пат ќе измине ако се движи 5 секунди?
 

б) Тежината на корпа со јаболка е 54 њутни. Колкава маса јаболка треба да се извади за тежината на јаболките да биде 36 њутни?
 

в) Масата на тегот е 1 килограм. Колкав притисок врши на подлога со површина 2 cm2?
 

г)  Определи ја резултантата на компонентите од 8 њутни и 2 њутни, ако тие дејствуваат во ист правец а спротивна насока.
д) Определи ја компонентната сила.


Нема коментара:

Постави коментар