АЈДЕ, СИТЕ НИЕ ДА ГИ ИЗБЕРЕМЕ ЕДРАТА СО КОИ СЕ СТИГНУВА НАЈДАЛЕКУ!

недеља, 12. јануар 2014.

ДВИЖЕЊЕ И СИЛИ 1


ДВИЖЕЊЕ И СИЛИ

  1. Дали можат тела од различни супстанци да имаат еднакви маси? Објасни.
  2. Дали тело може да се движи, ако на него да не дејствува друго тело – сила?
  3. Дали тело што се движи, без дејство на други тела, може: да застане, да си го промени правецот на движењето, да си ја промени брзината на своето движење? Објасни.
  4. На пружина еднаш се обесува  мал тег, па друг пат голем тег од иста супстанца. Во кој случај велиме дека на пружината дејствува поголема сила? Зошто?
  5. Во сообраќајните прописи се предвидува да се држи одредено растојание при движење со автомобил во колона. Зошто?
  6. Ладилник е преполнет со месо од говеда, поради што не можат да се затворат вратите. Месото виси на ченгели. За да може да ги затвори вратите шоферот тргнал со мала брзина, а помошникот во моментот на наглото сопирање ги затворил вратите. Објасни, зошто е тоа можно?
  7. Во детска количка поставено е канче – до горе наполнето со вода. Количката нагло е повлечена напред. Во која насока и зошто ќе се одлее водата?
  8. Шофер на товарен камион на црвен сигнал од семафор
    започнува сопирање порано од шоферот кој вози исто таков ненатоварен камион што се движи со еднаква брзина, паралелно со него. Зошто?
  9. Зајак што го брка куче, прави нагли странични скокови во моментите кога кучето е подготвено да го зграпчи со заби. Зошто на кучето му е тешко да го улови зајакот иако трча побрзо од него?
  10. Што е полесно да се запре – фудбалска или одбојкарска топка – ако се движат со еднаква брзина?
  11. Лесен патнички автомобил се судира со натоварен товарен автомобил. Зошто оштетувањето на патничкиот автомобил е многу поголемо отколку на товарниот автомобил?
  12. Пожарникарско црево во дејство,треба цврсто да се држи во рацете. Зошто? Што се случува ако тоа се испушти од рацете?
  13. Зошто топката што се тркала по наведена рамнина кога ќе падне на хоризонтална рамнина се успорува и на крајот застанува?
  14. Поради што велосипедот што е забрзан по хоризонтален рамен пат, по престанувањето на вртење на педалите почнува да се успорува и на крајот застанува?
  15. Поради што брзината на водата во реката е поголема на средината од што крај брегот?
  16. Каков вид на триење има помеѓу тркалата на автомобилот и земјата и помеѓу тркалата и нивните оски?
  17. Зошто на металниот диск на грамофонот врз кој се ставаат плочите е поставена гумена или платнена покривка?
  18. Зошто фудбалските голмани кога бранат ставаат ракавици кои на прстите и на дланките се покриени со рапава гума?
  19. Поради што на мраз или кал погонските тркала на автомобилот понекогаш се вртат во место, а автомобилот не се движи туку останува во место? Што превзема возачот за да го стави во движење автомобилот?
  20. Површината на иглата за шиење е блескаво исполирана. Зошто? Зошто со рѓосана игла не може да се шие?
  21. За запирање на трамваите и локомотивите на стрмните места (поради што тркалата почнуваат да се лизгаат по шините) со специјален механизам се вметнува песок измеѓу тркалата и шините.
    Зошто се прави тоа?
  22. Зошто се подмачкуваат оските на тркалата на велосипедот и автомобилот ?
  23. Поради што живата риба тешко се држи во рацете?
  24. Тркалата на запрежните коли со автомобилски тркала лесно се вртат околу оските, а на колите со дрвени тркала што се опшиени со железни обрачи се вртат потешко. Зошто?
  25. Ако човек застане на сачми растурени по подот, може да се подлизне. Што е причина за тоа?
  26. Поради што велосипедот што е забрзан продолжува да се движи и откако престанеме да ги вртиме педалите?
  27. Зошто кога трчаш и пред тебе се јави пречка за која не знаеш, предмет или дупка, најчесто удираш (паѓаш) во неа?
  28. Зошто во играта брканица, кога си стасан од гонителот, понекогаш наеднаш скршнуваш в`лево или в`десно од правецот во кој си трчал?
  29. Возот се придвижува кон станицата и го успорува своето движење.
    Во која насока ќе дејствува товарот на подот на вагонот?
  30. Зошто возачот кој вози со голема брзина не смее наеднаш да скршне од правецот на движењето?
  31. Наведи примери во разни спортски дисциплини кај кои се јавува инерцијата.
  32. Стави на лист хартија стаклена чаша. Можеш ли да ја извлечеш хартијата од под чашата, а при тоа да не ја подигнеш и поместиш чашата?
  33. Често неискусните лизгачи кои се лизгаат со лизгалки кога преминуваат од мазен мраз на снег или на рапава површина, паѓаат напред, а ако од заснежен дел преминуваат на мраз, паѓаат на назад. Зошто?
  34. Две тела со различна маса се движат со еднаква брзина. Под дејство на иста сила кое од телата прво ќе застане?
  35. Зошто се придвижува гранката од која полетува птица?
  36. Поради што ковачкиот чекан по долга употреба се сплеснува на местото на удирањето?
  37. Што ќе стане ако лизгачот што стои на лизгалки на мазен мраз почне да го влече јажето чиј друг крај го држи друг лизгач, кој исто така стои на лизгалки на истиот мраз. Што ќе биде ако другиот лизгач стои на местото каде нема мраз и е без лизгалки?
  38. Ако забрзан автомобил се удри во друг автомобил што стои и има приближно иста маса со него, постои веројатност двата автомобили да добијат исти оштетувања. Објасни зошто?
  39. На кој начин се движи сипата во водата? Која сила тука доаѓа до израз? Кај кои летала се јавува истата сила?
  40. Поради што тешко се држи во раце крајот на пожарникарското црево од кое истекува силен млаз вода?

Нема коментара:

Постави коментар