АЈДЕ, СИТЕ НИЕ ДА ГИ ИЗБЕРЕМЕ ЕДРАТА СО КОИ СЕ СТИГНУВА НАЈДАЛЕКУ!

недеља, 09. децембар 2012.

ХЕМИЈА - 7 одд. 1/2



1.  Во кои области хемијата како наука, наоѓа примена?

2.  Наброј пет правила за однесување во хемиски кабинет?

3.  Како се делат својствата на супстанците?

4.  Наброј ги гранките на хемијата.

5.  Што претставуваат хемиските својства?

6.  Од што зависат својствата на смесите?

7.  Каков може да биде растворот според количеството на растворената супстанца?

8.  Што е дестилација?

9.  Што е експеримент?

10. Што се подразбира под својства на супстанците?

11. Како се делат својствата на супстанците?

12. Како се откриваат физичките својства на супстанците?

13. Што е карактеристично за чистите супстанци?

14. За кои смеси велиме дека се хетерогени?

15. За кои смеси велиме дека се хомогени?

16. Што претставува раствор?

17. Кои се постапките за одделување на состојките од хетерогена смеса?

18. Објасни што е тоа сублимација?

19. Кој е основен метод на работа на хемичарот и што најчесто опфаќа тој метод?

20. Кои се основните  услови  за безбедна работа при изведување на експериментите?

21. Што се подразбира под хемиски својства на супстанците?

22. Кои се постапките за одделување на состојките од растворот?

23. Што се смеси?

24. Од што зависат својствата на смесите?

25. Подвлечи ги хемиските својства: мирис, горење на супстанците, спроведување на топлина, гниење на лисјата, боја.

26. Подреди ги следниве супстанци таму каде што припаѓаат: HNO3 ;  CO2 ; C ; Cl2  ; F ; Ca ; H2O ; Hcl
а) атом на елемент: ...............
б) молекула на елемент: .........
в) молекула на соединение: .......

27. Што означуваат следниве хемиски знаци и формули:
2N2  ____               3Fe  ___
N   ____                 Cl2   ____
Cu  ____                H2O  ____       
N2  ____                 5H   ____

28. Напише ги формулите на:
а) еден атом бакар ........
б) еден атом кислород ...
в) два атоми калиум .....
г) три молекули водород ....
д) една молекула вода .....
ѓ) пет молекули озон ....

29. Да се определи валентноста на елементите во следниве соединенија: CuO ; HI ; FeO ; PbO2 ;  H2S 

30. Да се напише хемиската формула на соединението врз основа на дадената валентност на елементите:
 II   I          I   II        III  II         III II      I    I
MgCl       AgO        FeO         NO     NaCl

31. Атомот  претставува ......

32. Атомот е изграден од ......... и .........
 
33. Ако во електронската обвивка бројот на електрони е 7, колкав ке биде бројот на  протони во атомското јадро?

34. Што е хемиски елемент?

35. Чистите супстанци се поделени на: ........

36. Според својствата елементарните супстанци се поделени на: .............

37. Кои чисти супстанци може да се разложат на нивните составни компоненти?

38. Кои од следниве својства се заеднички за металите:
а) имаат остар мирис
б) спроведуваат електричество
в) спроведуваат топлина
г) лесно се раствораат во вода
д) имаат сива боја
ѓ) имаат метален сјај
е) ги има во сите три агрегатни состојби
ж) сите се во цврста агрегатна состојба со исклучок на живата.

39. Врз основа на дадените искази определи кои супстанци се елементарни а кои соединенија:
а) Супстанцата азот се состои од молекули изградени од два атоми на елементот азот ..........
б)Супстанцата сулфур е изградена од молекули што се состојат од осум атоми на сулфур ...........
в) Супстанцата амонијак може да се разложи на супстанците азот и водород ..........
г) Супстанцата дијамант се состои од огромен број атоми на елементот јаглерод ........
д) Супстанцата јаглерод диоксид се состои од молекули изградени од еден атом на јаглерод и два атоми на кислород  .....

40. Атомското јадро е составено од:
а) електрони     в) протони и неутрон
б) протони и електрони    г) неутрони и електрони 








Нема коментара:

Постави коментар